Промотер

Тара ја одбра Барбара за дует верзија за макфестовската „Би те одбрал само тебе“ (ВИДЕО)

Тара ја одбра Барбара за дует верзија за макфестовската „Би те одбрал само тебе“ (ВИДЕО)

Годинашното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“ навистина ни понуди бројни потенцијални евергрини, а за да им го продолжат векот на своите песни, музичарите понекогаш одлучуваат да им направат и по некоја нова верзија.

Токму тоа го направи Александар Тарабунов со одличната “Би те одбрал само тебе“, чија музика ја потпиша неговата колешка Тамара Тодевска, а стиховите и аранжманот се дело на Роберт Билбилов.

Имено, оваа одлична тема сега си доби освежување во форма на дует со уште една млада ѕвезда во подем –Барбара Поповиќ.

Некогашната македонска претставничка на детската Евровизија 2013, дебитираше на сцената на годинашниов „Макфест“ со „Не си ти крив“ па можеби токму дружбата на популарниот фестивал, резултирала со идејата за дует.

Сето тоа визуелно го надополнил режисерот Зоран Зонде Стојановски, кој ја направи и екранизацијата на оригиналната верзија на песната. И двете варијанти се вистинско освежување на домашната сцена, а како звучи „Би те одбрал само тебе“ во изведба на Тара и Барбара дознајте во продолжение.