Промотер

Тања Јовановска Трајкова ја препеа валандовската фолк балада – „Тука сум јас“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Тања Јовановска Трајкова ја препеа валандовската фолк балада – „Тука сум јас“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Македонската фолкерка Тања Јовановска Трајкова, пред неколку дена ја промовираше во јавноста песната „Тука сум јас“, која всушност преработка на оригиналот кој го испеанејзината млада колешка Јулија Николовска, на настапот на минатогодишниот „Фолк фест Валандово 2019“. Иако по премиерната изведба на фестивалот песната се издвои со своја оригиналност,  за жал наградите  ја заобиколија, но не и увото на публиката.

Добрата песна, сепак, успева да го најде својот пат,  а уште еден доказ за тоа е препеаната верзија од поискусна колешка на младата пејачка, што се случи за помалку од една година.

„Многумина кои ме следат на социјалните мрежи досега не ј слушанале и мислат дека песната е моја. Но, им кажав дека таа сепак е кавер и оваа песна се пееше на Фолк фест Валандово минатата година. Сепак добив многу позитивни коментари и сега веќе песната име на „рипоит“ на многумина“- изјави  Тања во разговорот за шоубиз порталот Свет – Австралија.


„Авторот на оваа песна е наш семеен пријател и то ми вети дека ќе ми направи многу подобра од оваа, а песнат е веќе готоваМе чека само да влезам во студиото и да ја отпеам, но ситуацијата се влошиа и ја одложи целата моја замислена работа, па дури и овој план. Така што додека сме во карантин решив да ја објавам песната „Тука сум ја“ како кавер, која веќе ми бешее снимена во студио и чекаше во фиока. Ова беше најпогоден момент да ја објавам и да допре до срцетата на луѓето како што допре и до моето. И оваа песна е доказ дека ние, македонските изведувачи имаме прекрасни песни и можеме да ги пееме, а во исто време и да си даваме едни на други поддршка“ – задоволно фолкерката го резимираше разговорот.

Останати вести од Промотер