Промотер

Тамара Тодевска не го менува тимот кој победува – овој пат за „Monsters“ (видео)

Тамара Тодевска не го менува тимот кој победува – овој пат за „Monsters“ (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

По евровизиската „Proud“, Тамара Тодевска има нова песна насловена „Мonsters“.

Велат дека победничкиот тим не се менува, така и Тамара веројатно водена по тоа реши и за новата песна да работи со најдобрите македонски композитори: Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Роберт Билбилов, кои за Тамара повторно ги здружија силите и направија спој на својата инспирација.

Не беше исклучен ниту Коста Петров кој го напиша текстот.

фото:принтскрин/јутјуб

Песната премиерно беше отпеана на „Kenga Song Festival“ во Тирана Албанија, од каде е снимено и видеото.

Текстот е на англиски јазик,  звучи модерно и хитовски, а на само неколку минути по објавувањето на интернет каналот Јутјуб има доста позитивни коментари.

Слушнете ја „Monsters“: