Промотер

Тајзи опиша во каква сурова реалност живееме во – „Сине“ (ВИДЕО)

Тајзи опиша во каква сурова реалност живееме во – „Сине“ (ВИДЕО)

Кумановецот  Драган Величковски, кого публиката го знае по уметничкиот прекар  Тајзи, има нова песна и видеоспот со наслов „Сине“.

Како што самиот Тајзи вели,  овој проект е круна на неговата десетгодишна кариера, а последните спотови во режија на Даниел Јовески изгледаат навистина филмски… Или поточно, светски.

Тајзи заедно со еден од нашите најдобри, ако не и најдобриот хитмејкер и продуцент, Лазар Цветковски ја компонираа музиката, а ги направил уште и аранжманот, миксот и мастерингот на песната, додека стиховите се на самиот изведувач.

„Спотот е вистинско мало ремек дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба не чека во животот“  – вели Тајзи опишувајќи го видеозаписот за „Сине“.

Снимен е на повеќе локации низ Македонија, во Куклици ( Кратово), тврдината Зебрњак, како и во боксерските клубови од Куманово и Скопје.

Шминката и маската на Андријана Станковска го трансформираше Тајзи во старец, а продукцијата Балкатон од Србија го најави видеото како нешто што дефинитивно ќе ги помести границите. При тоа изјавија и дека им е многу мило што имаат ваков талентиран артист во своите редови.

Епа „Сине“… успехот ти е на дофат на рака… Проследете ја песната и нејзината визуелизација: