Промотер

Таа е белиот цвет во приказната: Нема да останете рамнодушни на новиот спот на Каролина за „Бели цветови“ (видео)

Таа е белиот цвет во приказната: Нема да останете рамнодушни на новиот спот на Каролина за „Бели цветови“ (видео)

Иако обожавателите на Каролина Гочева очекуваат многу повеќе спотови за нејзините хитови, таа и нејзината матична продукција внимателно избираат која песна ќе добие и видео приказна.

Па така, пред десец месеци кога го најави последниот албум „Извор“ го објави спотот за „Ѕвона“, сега и динамичната „Бели цветови“ има спот кој беше снимен изминатото лето на повеќе локации низ Скопје.

Во главниот фокус е „белиот цвет“ односно убавата Каролина која плени со својата појава, разиграна чекорејќи низ старата скопска чаршија, градскиот парк и возејќи велисипед низ булеварите.

Инаку, спотот е во режија на Чедо Поповски, додека музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, а текстот на Весна Малинова Бабамова.

Погледнете: