Промотер

Сузана Спасовска изворната – „Да сум бистра вода“ ја промени во модерна музичка руба (АУДИО)

Сузана Спасовска изворната – „Да сум бистра вода“ ја промени во модерна музичка руба (АУДИО)

Нејзиниот глас  долги години ги маѓепсува сите четири страни на светот штом ги запее “Јано севдалино”, “Параходот”, “Ајде сонце зајде”. Неа со право легендарната Васка Илиева и го остави аманетот да ја разлева македонската народна песна секаде каде ќе зачекори, прогласувајќи ја за своја наследничка, а таа до ден денешен, успешно тоа го исполнува.

Со музичко искуство на кое може секој да и позавиди, Сузана Спасовска е веќе седум години солист првенец на националниот ансамбл „Танец“, со кој ја презентира македнската песна и фолклор насекаде низ светот. Но Сузе – „национале“ не застанува само тука, туку паралелно продолжува да ја турка и својата соло пејачка кариера која трае повеќе од 30 години.

Токму со својот пријател и долгогодишен соработник Сашо Ливрински ја облекоа „Да сум бистра вода” во една нова модерна „музичка руба”. Со помош на Љупчо Павловски во студиото „Анастасија“, Бобан Василески (соло гитара) и видео концептот за аудиото (DVisualArt), песната се збогати со моќност, разновидност и јачина, а низ сето тоа сепак ни одѕвонува препознатливиот автентичен вокал на Сузе.

На тој начин е задржана основната линија на нумерата која со додавањето на модерен звук ќе биде прифатлива за помладата публика кај нас, но и надвор од границите. Истовремено се размислува и за видеозапис кој Спасовска сака добро да го осмисли и реализира за да се разликува од другите, како што е впрочем и самата таа.

Слушнете во продолжение како звучи новата модерна верзија на легендарната македонска изворна песна  „Да сум бистра вода” во изведба на Сузана Спасовска: