Промотер

Сузана Гавазова за Велигден остави „Аманет“ (видео)

Сузана Гавазова за Велигден остави „Аманет“ (видео)

Фолк пејачката Сузана Гавазова уште од почетокот на пандемијата со коронавирус не застана со својата кариера.

Како и сите колеги и таа нема настапи, но затоа снима нови песни и спотови.

Нановото е песната и спотот за „Аменет“ кои ги објави за Велигден.

Музиката за оваа најнова песна е на Бернард, аранжманот го подготви Минтаз Мемедов, а текстот Орце Зафировски.

Песната е снимена во студиото на Минтас Мемедов “Минти Стар”.

Саксофонот го отсвири Исо Ајдинов, додека пак миксот и мастерингот на истата го направи Саша Диниќ,спотот го снимаше ИН продукција и е снимен на неколку локации во Охрид и Прилеп .

Погледнете: