Промотер

Сузана Гавазова прво се сеќаваше, па му порача – „Роден си за грев“ (ВИДЕО)

Сузана Гавазова прво се сеќаваше, па му порача – „Роден си за грев“ (ВИДЕО)

Сузана Гавазова продолжува да ја освојува регионалната сцена со уште една нова песна насловена „Сећање на твој грех“, за која веќе пишувавме неодамна.

Автор на музиката е Саша Диниќ, стиховите се на Ана Диниќ за српската верзија, додека за македонската верзија текстот е на Орце Зафировски,  додека аранжманот го направи Александар Саблиќ.

Придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, а на саксофон гостува Тункај Туна Шавлев. Сето тоа визуелно го дополнил Ник Скерлев, а снимањето се одвиваше на повеќе локации во соседна Бугарија.

Голема благодарност на сите кои работеа на оваа песна и спот… дадовме голем труд и работа, па се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша Гавазова претставувајќи ја новата песна тогаш на Српски јазик, а сега и македонската верзија насловена „Роден си за грев“, која доколку сакате да дознаете како изгледа и звучи, проследета ја во продолжение.