Промотер

„Суперхикс“ ќе ви објаснат што е тоа „Модерна љубов“ (ВИДЕО)

„Суперхикс“ ќе ви објаснат што е тоа „Модерна љубов“ (ВИДЕО)

Групата „Суперхикс“  ќе прослави 25 години од првиот настап во некогашниот „Доорс Дебармаалски“, па токму на истиот ден (3 март 1994 – 3 март 2019). Поточно,  цели 14 години по легендарниот концерт, „банда инструментале“ ете гиповторно во МКЦ!

„Најголемите хитови, полна бина гости, специјален амбиент и двочасовно лудило за првата ’25ка! Ветуваме дека ќе продолжиме и по 27-мата“, порачуваат музичарите најавувајќи го новиот сингл што се појави деновиве.

Во пресрет на славеничкиот концерт со кој ќе прослави 25 години од својот прв настап во некогашниот „Дорс“ во Дебар маало, „Суперхикс“ како што ветија, ја објавија песната насловена „Модерна љубов“, на која како автори се потпишуваат членовите на бендот.

Песната и видеото се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој се јавува како тон снимател, а ги потпишува мастерот и миксот на песната во која за првпат како редовен член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.

Режијата и монтажата на видеото се на Гоце Лалковски, додека зад камерата биле одново тој и Симе Златков. Како звучи и изгледа „Модерна љубов“ дознајте од „Суперхикс“ во продолжение.