Промотер

Стојне Николова објаснува што… „После мене“ (ВИДЕО)

Стојне Николова објаснува што…  „После мене“ (ВИДЕО)

Младата македонска фолкерка Стојне Николова има нова песна и видео за неа.

Нејзиното ново музичко остварување насловено „После мене“ беше промовирано деновиве во просторот на новата Зона М1 продукција, каде пред дел од насобраните колеги, новинари, пријатели, соработници и спонзори…, динамитната струмичанка премиерно го претстави видеото.

Музиката и аранжманот на „После мене“ се авторско дело на нејзиниот постојан соработник, композиторот и клавијатурист Бобан Мојсовски, додека стиховите за песната ги напишал Љупчо Василев, кој е воедно и главен машки лик во видеото.

Темата е снимена во студиото ХЛ Момировски, додека зад видеоспотот стои споменатата „Зона М1 продукција“.

Во него  сексапилното струмичко мињонче, личното Стојне покрај вокалните ги покажува во најдобро светло и телесните квалитети, со кои располага.

Истото е снимено на неколку различни локации, во една приватна вила со базен, како и коњичкиот клуб „Бравадос“ од Скопје.

Во песната и спотот како специјален гостин на Стојне се појавува познатиот трубач Џамбо Агушев.   

Како сето тоа звучи и изгледа, проследете во продолжение: