Промотер

Стојне Николова ја „воскресна“ легендарната патриотска песна „Крушево абер пристигна“ (ВИДЕО)

Стојне Николова ја „воскресна“ легендарната патриотска песна „Крушево абер пристигна“ (ВИДЕО)

Откако кон средината на минатата 2019 година го издаде својот прв албум со авторски песни насловен „Мелем за душа“, најавувајќи го како: „Вистинско освежување на македонската фолк-сцена“, кој ги содржи хитовите: „Око мое“, „После мене“ и „Спремај мајко дарови“, динамитната струмичанка Стојне Николова сега се одлучи на еден сосема поинаков чекор.

Имено, македонската „фолк џепна венера“ реши да го следи примерот на колегите од рок сцената, „Некст Тајм“…

И тоа комплетно, па одлучи една стара македонска народна песна на покојната фолк икона Васка Илиева, да ја преработи во модерен стил, да ја визуелизира со видоспот, кој го екранизраше во вид на мини игран филм… Токму по теркот на браќата близнаци од споменатото рок дуо „Некст Тајм“.

Така, по „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка кумановка“ од Стефан и Мартин, Стојне ни ја донесе својата варијанта на „Крушево абер пристигна“, по познатиот, веќе востановен терк.

Многумина ќе речат дека идејата можеби и не е оригинална, но секако пристапот и реализацијата заслужуваат исто толкаво внимание и почит колку и опреработките на „Некст Тајм“. Екипата заедно со пејачката и музички и визуелно максимално се потрудиле да „влезат во филмот“ и да ја донесат приказната за македонската Јованка Орлеанка, за Тодорка комита, токму онака како што раскажуваат стиховите во песната…

Ако „Некст Тајм“ го поставија стандардот, Стојне Николова го продолжи, па можеби и надгради.

Како што веќе споменавме, музиката и текстот се на легендата на македонската народна песна, покојната Васка Илиева, додека бројната екипа врвни професионалци од различни области која го реализираше овој проект ја сочинуваат:

Придружнии вокали: Ана Мицевска и Христина Пецовска

Аудио продукција: „Анастасија студио“

Кавал и зурла: Гоце Димовски

Тамбура: Бајса Арифовска

Продуцент: Бобан Мојсовски / „Мојсо продукција“ –  https://www.facebook.com/mojso.produk…

Сценарио, режија, директор на фотографија, специјални видео ефекти: Даниел Јовески

Специјални ефекти за шминка: Даниел Јовески  – https://www.facebook.com/daniel.joveski

 

Фризура: Станче Кипријанов

Шминка: Владимир Трајковски , Наташа Ѓоргиевска

Помагатели: Коњички клуб: „Барбадос“,  Аснамбл „Студио фолклор“

Актерски тим: #Тодорка  – Марија Петревска,  #Стојан – Коле Тодоров,  #Турци – Антонио Стојчески, Никола Арнаудов, Петар Велковски, Илин Јовановски,  #Комита – Дарко Дашковски,  #Мајка на комитата – Гордана Антевска,  #Комити – Виктор Настевски, Стефан Јаневски, Александар Алексовски…

Погледнете го видеото за новата верзија на „Крушево абер пристигна“:

Останати вести од Промотер