Промотер

Стефан Стојановски со љубовна понуда – „Земи го срцево“ (ВИДЕО)

Стефан Стојановски со љубовна понуда – „Земи го срцево“ (ВИДЕО)

Уште едно младо момче на македонската естрада тргна да го бара своето место под ѕвездите. Младиот пејач Стефан Стојановски ја промовираше својата авторска песна  „Земи го срцево“, која ја во јавноста ја пласираше со видеоспот.

Песната е комплетно авторско дело (текст, музика и аранжман) на Јован Василевски, додека  мастерингот го изработиле  Гоце Симоноски и Јован Василевски.

 

Видеозаписот на песната во вид на интересна љубовна приказна на двајца млади е реализиран од „Red Central Production“,  а режијата на видеотот ја потпишува: Ѓорѓе Богдановски.

Директор на фотографија бил Ненад Велковски, додека во спотот,  покрај пејачот главната улога на млада љубовна двојка ја имаат двата модели: Никола Милосковски и Камелија Панзевска.

 

Видеото е снимано дел нна Широк Сокак во Битола, дел на снежните падини на Пелистер.

Како сето тоа изгледа и звучи, проследете подолу: