Промотер

„Совршен пар“ – првата песна на Анастасија, ќерката на Цеца (ВИДЕО)

„Совршен пар“ – првата песна на Анастасија, ќерката на Цеца (ВИДЕО)

Ќерката на фолк пејачката Светлана Ражнатовиќ-Цеца, Анастасија вчера ја  промовираше својата прва песна и видеото за неа „Совршен пар“. Видеото веќе има милиониски прегледи на Јутјуб, а таа за српски  “Блиц” открива дека  е подготвена за сето она што ја чека на естрадата и не се плаши од конкуренција.

„Не се плашам од конкуренција, бидејќи сум на почетокот на музичката кариера.  Се разбира, во секој бизнис има конкуренција, но тоа е до вас, колку сте сериозни и дали се’ ви е јасно – вели Анастасија, кој во друштво на мајка и на промоцијата била опкружена со луѓе кои веќе биле дел од кариерата на Цеца, што ги поттикнало новинарите да ја прашаат Анастасија  дали тие и дале некои совети и ја подготвтиле на сè што се  случува во суровиот свет на забавата и шоубизнисот.

„Не сакам  никој  да ми се меша во она што сакам да го работам, како што јас не се мешам во изборот на другите луѓе “- вели Ражњатовиќ, коај самата го напиша текстот за својотата прва песна „Совршен пар“ во која, како што вели, има биографски елементи.Автор на музиката и аранжманот е нашиот Дарко Димитров, а  додека видеото е во реализација на продукцијата „Ај-ди-џеј видеос“, под режисерската  палка на Андреј Илиќ.

„Сакав да биде дел од мене во првата песна и она во што поминав во еден момент низ мојот живот. Мислам дека сите во животот барем еднаш поминале низ љубовна приказна, која за едниот завршила добро, а за другиот не е баш розова“.

„Мојот љубовен живот со години беше под окото на јавноста, и тоа премногу. Мислам дека треба да остане приватен дел од мојот живот. Не го кријам момчето, но не сум подржувач на идејата  јавно да се појавуваме каде што ќе стигнеме“ – изјави Анастасија при промоцијата на видеото за „Совршен пар“.