Промотер

Со „Hola Mamacita“ водителот Стефан Лазаров сe пробивa меѓу македонската естрада (видео)

Со „Hola Mamacita“ водителот Стефан Лазаров сe пробивa меѓу македонската естрада (видео)
фото:принтксрин/јутјуб

„Hola Mamacita“ e насловена првата песна со латино призвук на Стефан Лазаров, и е работена во соработка со раперот Денис Куртовиќ кој заедно со Стефан ги создадоа музиката и текстот.

Продуцент е Иле Спасов, додека прирдужен вокал е новата млада и талентирана пејачка Лина Пејовска.

За финалната верзија на спотот беа задолжени Никола Наумовски и Red Central Production.

фото:принтксрин/јутјуб

Инаку, Стефан Лазаров македонската публика го запозна како водител на телевизискиот магазин „Ексклузив“, но по завршувањето на ангажманот тој реши да направи пробив во музичките води.

Спотот кој промоцијата ја имаше на интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи предизвика доста реакции, особено со коментари.

Едни го пофалија потегот на Стефан, додека не изостанаа ниту негативните критики.

Во продолжение преслушајте го деби синглот на Стефан: