Промотер

„СМАТ“ потсетија и им посветија песна на децата жртви на политиката – „Во мојот град“ (ВИДЕО)

„СМАТ“ потсетија и им посветија песна на децата жртви на политиката – „Во мојот град“ (ВИДЕО)

Македонската метал-кор група „Смат“ (SMUT) го промовираше својот нов видео-спот за песната „Во мојот град“, кој  е објавен на „Јутјуб“ каналот.

Владимир Митревски – Ѓуле ја потпишува  режијата на видеото „Во мојот град“ кој е воедно и прв видео-запис од новиот албум на „Смат“ насловен:  „Тие се насекаде“. Овој албум e петто студиско издание во досегашната, повеќе од 20-годишна кариера на бендот кој е основоположник на таканаречениот метал-кор стил и и важат за една од најценетите групи во овој дел од Европа.

Песната, како што велат, е посветена на луѓето кои сакаат да прикриваат убиства и ги користат тие убиства за своите маркетинг кампањи, а во нив невини жртви се децата.

„Запомнете ги Мартин, Тамара и децата од Смилковско езеро“ – порачуваат „Smut“.

Во видеото како специјална гостинка се појавува и македонската актерка Виолета Шапковска, а како е сето тоа спакувано проследете во продолжение.