Промотер

Слаткаристика и 2 Бона знаат како до „Дијаманти“ (ВИДЕО)

Слаткаристика и 2 Бона знаат како до „Дијаманти“ (ВИДЕО)

„Слаткаристика“ го претстави својот нов сингл насловен „Дијаманти“, за кој ги здружи силите со своите колеги од дуото  „2 Бона“Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито – коина музичката сцена се појавија во 2015 година со Слаткаристика веќе соработуваа на нивната „Би направил се“, но овој пат соработката ја заокружија и со филмско видео исполнето со многу акција.

Музиката на „Дијаманти“ ја потпишува самиот Слаткаристика, стиховите му се заеднички со „2Бона“, а аранжманот е на Марио Јелиќ – Кун и Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижил и за миксот и мастерингот. Видеото, пак, е дело на продукцијата „Год ај“ (God Eye), а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.