Промотер

„2BE“ се враќаат со втора песна – „Врати се“ (ВИДЕО)

„2BE“ се враќаат со втора песна – „Врати се“  (ВИДЕО)

По точно една година откако ја издадоа својата дебитантска песна „ 100 песни“ и преработката и годинашнава анплагд преработка на песната на ДНК – „Горе или доле“, скопското трио „2BE“ ја промовираше и својата втора песна со наслов – „Врати се“.

Овој пат самите членови на бендот се јавуваат како комплетни автори на песната:  Музиката и аранжманот се на Тино Стојановски, додека текстот е на Љупче Стојановски. Оваа песна е прва нивна авторска песна, зашто како автор на нивниот дебитантски сингл „100 песни“ го потпишува Ѓорѓи Крстевски.

За оваа песна е снимен и видео запис на неколку локации во Охрид и Битола, за кој се погрижиле Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев и нивната „Pinestel“ продукција, во кој главната женска улога ја има моделот Евгенија Миленкова.

„2Be“ изминативе неколку години активно настапуват во Скопје и другите градови низ државата. Членовите на бендот ни изјавија дека песната веќе некое време го чекала својот вистински момент, и ни најавуваат дека планираат да издадат нови нумери во годинава што започна.

Во продолжение можете да го проследите  видеото за „Врати се“.