Промотер

Скопски „Тандеми“ го екранизираа својот „Гурбет“

Скопски „Тандеми“ го екранизираа својот „Гурбет“

Фолк групата „Тандеми“ го промовираa најновото емотивно видео за песната „Гурбет“. Оваа скопска група, преку песната и спотот го опишува животот на сиромавиот човек. Тие очекуваат позитивна критика од музичката јавност, со оглед на преголемиот труд кој го вложија во овој видео запис, како и пред сè добро осмисленото сценарио.

„Навистина се радуваме на нашето ново видео, кое всушност е краткометражен филм и една сликовита приказна, за песната ’Гурбет’. Со оглед на ладното време, но и желбата да направиме квалитетно видео, навистина се помачивме, но на крајот излезе токму онака како што сакавме. Благодариме на ’ИН продукција’, манастирот Св. Никита и девојките од КУД ’Скопје’. Сакаме публиката да ужива во сработеното“, велат момчињата од бендот.

Ова е прва нивна наменска песна и очекуваат пред сè да биде позитивно прифатена од публиката, но не го кријат задоволството доколку бидат поканети на турнеја во далечната земја Австралија.

„Сите прават наменски песни за печалби, свадби, крштевки… ова е наша прва наменска песна. Досега сме немале ваков стил, единствено само ’Илино моме’ и мислам дека требаше да се закитиме со еден ваков видео запис и ваква песна“, додава Горан од „Тандеми“.

„Тандеми“ за оваа 2018 година најавуваат уште многуновитети, кои додека ги очекуваме ве повикуваме да го погледнете видеото за песната „Гурбет“.

Извор:РадиоМК