Промотер

„Сирилик“ ја продолжуваат својата музичка борба со – „Keep fighting“ (ВИДЕО)

„Сирилик“ ја продолжуваат својата музичка борба со – „Keep fighting“ (ВИДЕО)

Електро дуото „Сирилик“ важат за едни од најнадежните нови имиња на домашната сцена. Браќата Бојан и Андреј  се сè повеќе  присутни на сцената како со сопствена авторска музика, така во и соработките со други, млади, надежни, пејачки имиња во Македонија, како што се  на пример темите „Во тебе се гледам“ со Дина Јашари или  „Доволни“ со Валери. Минатата 2019  година беа особено активни на овој план, па дури и покажаа дека одлично се снаоѓаат и со ремиксите, како што беше „Доживотно“ на Елена Ристеска или оној на евровизиската „Proud“ на Тамара Тодевска.

По речиси една година од нивното последно соло остварување „Break My Heart“ и она најновото од пред нешто повеќе од два месеци – „You Put Me Down“ вокално реализирано заедно со нашата  Јова Радевска која живее и работи во Лондон,  Cyrilic  имаат нов тема, овој пат насловена „Keep fighting“.

„Сирилик“ и во новата музичка тема покажуваат дека се еден од ретките македонски музички продукти кои се комплетно подготвени за извоз. Модерен ритам, испеглан звук, светска продукција и заразен рефрен, сето тоа спакувано во производ кој не е здодевен, мелодичен за уво, а сепак тетера на цупкање… Вистински погодок, во вид на уште еден клупски хит, ништо помалку вреден и допадлив од оние, таканаречени  странски хитови!

Темата „Keep fighting“ е збогатена со едноставно, но функционално видео од патешествијата по турнеите и настапите на братското електро дуо, а сето тоа симпатично го усликале снимателите Иван Пајмакоски и Христијан Конески, додека во видео производ го спакувале Марјан Маневски и Дарко Анѓелков. И сето тоа под капата на веќе познатата Sky Eye Entertainment.

Како звучи и изгледа нивното „продолжение на борбата“, онаа – музичката, секако, проследете подолу: