Промотер

Симона Поповска ги покажа своите и природните убавини на родниот Охрид во „Ти си моја победа“ (ВИДЕО)

Симона Поповска ги покажа своите и природните убавини на родниот Охрид во „Ти си моја победа“ (ВИДЕО)

Познатата и се’ попопуларна македонска поп пејачка Симона Поповска, денес, 6-ти септември 2018 г. напладне, го промовираше видеото за нејзината најнова песна “Ти си моја победа”, кое беше најавено уште за време на излегувањето на песната којуа во радиоетерот беше пуштене во средината на месец август.

Комплетен автор на оваа песна е Роберт Билбилов, а истата ќе е во сосема поразличен стил од сите досегашни песни на згодната и сексапилна лекарка, што е всушност и вистинската професија на Симона.

Во меѓувреме, Симона ја промовираше песната во живо на своите свирки, на кои заедно со познатиот диџеј Ерик Фокс настапуваат под името “Саунд месинџерс”.

Драги мои , со многу труд и љубов го изработивме ова дело ! Нешто поразлично и слатко. Благодарност до Робер Билбилов кој е заслужен за заразните мелодии и Андреј Ѓорѓиевски кој се погрижи за видеото и ги искористи максимално убавините од мојот роден град – Охрид! И секако благодарност до целиот тим кој застана зад мене ! Уживајте !!!“ – ќе напише Симона во постот објавен денес на нејзината Фејсбук страница со промотивна најава за спотот на „Ти си моја победа“, кој можете премиерно да го проследите во продолжение!