Промотер
балканска музичка колаборација

Што не можат политичарите,можат музичарите: Бугарската пејачка и македонските трапери со жешки кадри и… „Пари, пари“, тоа пали за затоплување на односите! (ВИДЕО)

Што не можат политичарите,можат музичарите: Бугарската пејачка и македонските трапери со жешки кадри и…  „Пари, пари“, тоа пали за затоплување на односите! (ВИДЕО)

Бугарската пејачка Ен – Џи падна во искушение како да ги затопли заладените бугарско-македонските односи, па да најде начинда ги обедини во ново музичко видео. Во него, пејачката „прска“ од сексипил, а нејзиниот телесен раскош во еротските кадри е пуштен на најјако.

Од друга страна  во музичката соработка друштво и прават македонските трапери од Скопје, „Локос Железарос“. Кадрите во видеото се повеќе од жешки! Проектот со наслов  што мами: „Пари, пари“.

Пораката е дека парите никогаш не треба да стојат во врската помеѓу двајца, туку водечки треба да бидат чувствата, емоциите и вистинската страст, која просто блика не само од еротските секвенци на расната бугарска пејачка, туку се  чувствува и во нејзиниот глас. Бугарската трап дива сликовито ги потенцира своите желби и  емоции и е поженствена и посекси од било кога, па со овој проект сигурно ќе освои многу нови обожаватели како во Македонија, така и кај нашиот источен сосед.

(Т)раперите од „Локос Железарос“ не криеле  дека се воодушевени од професионализмот на надарената пејачка, позната и по многуте награди како фитнес модел.

Момчињата дури започнаа да работат и на следниот проект со неа, што е уште еден доказ дека она што не можат политичарите, можат музичарите.

Како изгледа најновата македонско-бугарска музичка колаборација на релација: Скопје-Софија која ќе ја воодушеви машката популација од обете нации, погледнете во продолжение.

Извор:HotNews.bg

Останати вести од Промотер