Промотер

Што им се мота низ умот на Татјана и Марија од „Ај кју“ дознајте во… „On My Mind“ (ВИДЕО)

Што им се мота низ умот на Татјана и Марија од „Ај кју“ дознајте во… „On My Mind“ (ВИДЕО)

Летен хит со карипски шмек – вака може да се опише деби-синглот на младата пејачка Татјана во кој гостуваат нашите годинашни евровизиски претставници, „Ај Кју“.

Талентираната русокоса, која доаѓа токму од егзотичните Кариби, заедно со Марија Ивановска во дует ја отпеа песната „On My Mind“, а сето тоа го екранизираше режисерот Јован Куциновски покрај идиличното Охридско езеро.

Во видеото на двете убавици  друштво им прави и главниот човек на „Ај кју“, Бојан Трајковски.

Родена на остров на Карибите, откако го пропатува светот, Татјана сега е во Македонија, каде што го живее својот живот со музика и уметност. Со првиот сингл, таа го комбинира своето карипско потекло со новите европски импресии“, пишува на офицајлната веб страница на младата пејачка.

Како звучи и изгледа екранизацијата на ова одлично првенче со поддршка од нашите „Ај кју“,  дознајте во продолжение.

Извор:РадиоМК