Промотер

Саше Љолес ве води во неговата – „Рајска градина“ (ВИДЕО)

Саше Љолес ве води во неговата – „Рајска градина“ (ВИДЕО)

„Рајска градина” е третa песна на македонскиот музичар Саше Љолес, која всушност е и најава за албумот кој треба да се појави некаде до крајот на годината.

„Станува збор за интимна песна создадена за најблиските луѓе, оние што ви се секојдневие и што зрачат љубов и добрина“ – изјави Љолес.

Музиката и текстот се негови, а во аранжманот учествуваа и Владимир Чадиковски – Црни, Александар Ванчовски – Џигер, Мартин Јосифовски и Петар Лукиќ.

Снимена е во јуни и јули во студиото на Нино Спиркоски. Придружните вокали ги пее Светлана Јовановска.

„Рајска градина” е проследена со интересно видео кое го изработи Иван Куртевски – „Мелем продукција“.

Имено, сликите користени во видеото се всушност уметнички дела на ликовниот  уметник Константин Качев – Коки, екс гитаристот на македонскиот хеви метал бенд „Санаториум“, кој воедно е дел од најтесното семејство на Саше Љолес.