Промотер

Сара Мејс и хорот на „Поточиња“ ви го испраќаат – „Гласот на децата“ (ВИДЕО)

Сара Мејс и хорот на „Поточиња“ ви го испраќаат – „Гласот на децата“ (ВИДЕО)

Сара Мејс заедно со хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, во пресрет на јубилејното 15-то издание на „Поточиња 2018“, на најмладата публика и подаруваат нова песна и видео.

„Гласот на децата“ e темата преку која Сара Мејс и „Поточињата“ им порачуваат на возрасните дека чиста планета нам ни треба најмногу.

Зад музиката и аранжманот се потпишува реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова. Песната е снимена и мастерирана во студиото на Александар Митевски и Пикадо продукција. Митевски и Мирослав Пап се музички продуценти, а видеото, пак, го изработиле „3Д проект студио“, додека режијата ја потпишува Оливер Пап. 

Инаку, јубилејното 15-то издание на фестивалот  „Поточиња“ ќе се одржи на 24 и 25 март во МОБ.

Како изгледа и звучи овој роденденски подарок за детскиот фестивал проследете во подолу.