Промотер

„SAP Brothers“ му пеат на Арон „Љубов си ти“ (видео)

„SAP Brothers“ му пеат на Арон „Љубов си ти“ (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

Македонската музичка сцена има ново освежување, а тоа се момците од „Sap Brothers“ кои ја промовираат својата прва песна насловена „Љубов си ти“.

Пеат за љубовта, но не како тоа што е најчесто во песните за девојка или момче, тие за промена пеат за нивното куче Арон кое е главна улога и во спотот.

Музиката е нивна, односно ја потпишуваат SAP Brothers, режијата , снимање, монтажа е во реализација на Ѓорги Вацев Аудио продукција.

-Првата песна „Љубов си ти“ од SAP Brothers! Убави луѓе, уживајте како што ние уживавме во снимањето на нашето прво бебенце меченце кученце од песна. Најпреогромнаголема благодарност до сите кои учествуваа и ни помогнаа во реализацијата на овој проект, пипуваат момците на интернет каналот Јутјуб.