Промотер
со поглед те соблекува...

Сања „Барби“ – секс бомба „Без пардон“: За јазик те влече, да кажеш „ДА“ за една вечер (ВИДЕО)

Сања „Барби“ – секс бомба „Без пардон“: За јазик те влече, да кажеш „ДА“ за една вечер (ВИДЕО)

Некогаш заштитен знак и беше долгата руса коса и пееше:„Мази ме секси“, денес таа изгледа сосема поинаку, ама сексапилот кај неа и еротската компонента во песните останале исти.

Згодната фолкерка Сања Цинцева попозната под уметничкото име Сања – Барби иако смени „100 фарби“, не изгуби воопшто од  атрактивноста, сексапилот, провокацијата… и во изгледот и во музиката.

Сега Барби ги користи сите атрибути, па бујните облини и привлечноста максимално ги користи, спојувајќи ги со еротиката во музиката и песните што ги пее, или поточно со стиховите во нив.

Овие компоненти ги содржи и нејзината најнова песна „Без пардон“, во чиии стихови и видео за истата, секси мазењето го има до мила волја, а истото изобилува со еротски кадри во кои Барби се милува…

Самата себе си, а и оние, во кои друг ја гали, па ја пали машката популација со најновата еротска видеосимулација.

Со овие зборови атрактивната струмичнка ги кани своите фанови да го погледнат премиерно  новото видео и воедно им се заблагодарува за безрезервната поддршка години наназад.

Инаку автори на песната „Без пардон“ се Љупче Василев, кој ги потпишува музиката и стиховите, додека аранжманот го направил Артан Кастрати.  Зад видеото ко е вистински магнет за очите и сите други сетила стои уметничкиот фотограф и видеорежисер Томе Табанов и неговата  „Tabanov Visual Art“.

Проследете ги песната и спотот и дознај како секси Барби „Без пардон“ во ум ти влегува, кога ќе посака, те поседува и без пардон со поглед те соблекува…