Промотер

„Санаториум“ се вратија за да шират звучна – „Параноја“ (ВИДЕО)

„Санаториум“ се вратија за да шират звучна – „Параноја“ (ВИДЕО)

Македонскиот култен хеви метал бенд „Санаториум“ се враќа на сцената со нова песна, моќна, брза и енергична, насловена „Параноја“.

Новата композиција на Санаториум е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и eкс- гитаристот Константин Качев.

Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис.

Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.

Вака звучи и изгледа кога „Санаториум“ шират звучна „Параноја“: