Промотер

Сале СРВ се сети прв меѓу рокерите да ја опее оваа страшна корона – „П(л)андемија“ (ВИДЕО)

Сале СРВ се сети прв меѓу рокерите да ја опее оваа страшна корона – „П(л)андемија“ (ВИДЕО)

Корона пандемијата го закочи светот речиси една и пол година, менувајќи ги нашите секојдневни навики и правила на животот. Новото „ненормално“ стана „нормално“, а во сиот тој хаос на борба со невидливиот непријател кој зацрни многу човечки судбини, меѓу најпогодените еснафи беше оној, музичкиот. Или поточно естрадата, која ниту до ден денес не може да се опорави, да тргне од „лер“ , а камо ли да почне сериозно да работи и да се врати на своите стари позиции.

Но во сиот тој метеж со чумата на 21-от век,  некои естрадни уметници Ковид-19 го искористија како инспирација за кретаивно творештво. Преработки, кавери  на познати стари странски и домашни хитови со нови стихови или сосема нови и оригинални музички теми, сеедно, се дел од новото творештво на старите мајстори во „новото нормално“. Кога веќе не може да се свири и настапува, тогаш барем може да се компонира и снима.

Еден од оние на кои корона пандемијата им ја поттикна инспирацијата е и македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ. По последните евторски песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, Сале има нова авторска песна, инспирирана токму од актуелната светска корона криза, насловена како „Пландемија“.

 

Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Сале Андриески, додека аранжманот го изработил Драган Ристовски – Д.Р.Д. медиа,  во чие студио ипродукција е снимена и песната.

Интересно е што сале како човек кој работи и соработува со големите музички имиња од регионот, по дуетот со Бора – Чорба, соработката со Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ и Ален Исламовиќ, и на оваа песна има познат специјален гостин, кој овој пат ги отсвирел гитарските соло делници во песната, а во прашање е некогашниот гитарист на „Амадеус бенд“, Милан Кордулуп.

Песната исто така има две верзии – на Македонски и Српски јазик. Македонската верзија  е веќе промовирана вчеравечер, 11 мај 2021, додека српската ќе биде пуштена во етерот ден подоцна, односно вечерва, на 12 мај 2021 година во 20 часот.

За обете е снимено и промотивно видео во студиото на Д.Р.Д. медиа, кое го изработил Драган Ристовски, а истото можете да го погледнете во продолжени, заедно со музичката приказна на Сале СРВ и неговата „Пландемија“.