Промотер

Сале – Рокер ја пушти во етер баладата „Остани“ од последниот „Охрид фест 2018“ (ВИДЕО)

Сале – Рокер ја пушти во етер  баладата „Остани“ од последниот „Охрид фест 2018“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач и музички менаџер Сашко Андриески попознат како Сале – Рокер во етер ја пушти баладата „Остани“ со која настапи на  последниот „Охрид Фест – Охридски трубадури 2018“.

По досега неговата комерцијално најуспешна тема и видеото за неа насловена „Мост“  која се појави во текот на летото, оваа песна води во малку помирни води, но секако не отстапува од неговиот препознатлив стил, кој Сале – Рокер грижливо го гради и негува – базичниот, полнокрвен рок ен рол. Токму затоа и за „Остани“ може да се каже дека е рок балада, без оглед што е изведена на еден фестивал како „Охрид фест 2018“, кој Сале го искористи за медиумска промоција на своето ново остварување.

Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Андриески, додека аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски, која Сале овој пат ја изведува сам, без својата придружна група „СРВ“.

Како звучи „Остани“ и како изгледаше нејзината фестивалска изведба на „Охрид фест 2018“ од нејзиниот автор и изведувач Сале – Рокер проследете во продолжение: