Промотер

„Риплеј“ го препејаа Боб Марли во „Небо сино“ (ВИДЕО)

„Риплеј“ го препејаа Боб Марли во „Небо сино“ (ВИДЕО)

Акустичното дуо „Риплеј“  ја претстави својата нова песна, која в сушност е нивно видување  во  македонска верзија на хитот „Redemption song“ од легендарниот Боб Марли.

Гитаристот и вокал Никола Велиновски – Црни и саксофонистот Столе Коцев овој пат ги здружија силите и со вокалистката Ивана Стојановска, која заедно со Црни ги пее стиховите потпишани од Мартин Мила, а аранжманот го направи Ангел Ќосев, во чие студио „Подрумот“ е снимана песната, додека за видеото се погрижила екипата на „Моментс продакшн“.

„Песната е насловена ’Небо сино’ и со сигурност ќе навлезе далбоко во вас. Ова е трета преработена песна, а со трите авторски песни, полека но сигурно ќе стигнеме до албум“, велат од „Риплеј“, кои зад себе ги имаат дебитантската „Така случајно“ макфестовската „Ти си мојот сон“ и минатогодишната “Драма“.

Како звучи Боб Марли во нивното „Небо сино“ дознајте во продолжение: