Промотер
нова ракометна химна

Ракометните шампиони добија уште една химна: Дуо Коктел – „Песна за Вардар“ (АУДИО)

Ракометните шампиони добија уште една химна: Дуо Коктел  – „Песна за Вардар“ (АУДИО)

Македонските ракометни шампиони, ракометарите на Вардар добија уште една спортска химна. Овој пат новата навивачка песна носи наслов „Песна за Вардар“ и се појави на денот  на фајналфор турнирот во Келн, каде црвено-црните го играат мечот за финале, против францускиот „Монтпење.

Овој пат се работи за своевидна споортска рок химна, песна која е наменска, навивачка,посветена токму на екипата на нашиот европски ракометен шампион, направена во рок манир.

Автор на музиката и аранжманот е Стевче Грозданов, додека стиховите се дело на Огнен Неделковски. Песната е снимана и миксана во студиото Енерпрајз и Ентерпрајз 2 на Валентино Скендеровски, а темата „Песна за Вардар“ ја изведува скопското дуо „Коктел“.

Вистина.мк ексклузивно  ја промовира и Ви ја презентира, а истата можете да ја преслушате во продолжение.