Промотер

„Простор“ го освојуваат музичкиот простор со – „Мој“ (ВИДЕО)

„Простор“ го освојуваат музичкиот простор со – „Мој“ (ВИДЕО)

По првите три теми: „Различни“, „Сина боја’ и „Среќен“, скопскиот бенд  „Простор“ ја објави и својата четврта песна со наслов „Мој“.  За овој нивен сингл групата сними и видеоспот, чија промоција е најавено да се случи тековнава седмица.

„Простор“ третираат специфичен стил на музика, некомерцијален и неконвенционален за македонски услови, но по многу нешта оригинален и единствен правец. Нивното музицирање е синтеза на повеќе стилови во еден единствен микс: есид-џез, фанк со примеси на поп, рок, соул и џез.

Уникатни и пред се’ исклучително квалитетни, членовите на бендот предводени од нивниот оснивач и лидер, клавијатуристот Димитар Ганчевски, не и робуваат на комерцијалноста, туку многу повеќе се „зависници“ од сопствените влијанија кои ги стекнале слушајќи различни стилови и правци квалитетна светска музика, од кои произлегува и нивната оригиналност.

Ганчевски е и композитор и аранжер на сите песни на „Простор“, како и автор на дел од текстовите.

Покрај него во групата денес членуваат и вокалистката Моника Јанков,позната по соработката и членувањето во други бендови како „Поп арт“ на пример,  басистот  Никола Автовски, гитари – Марко Цветановски, а тапани Никола Белковски.

Иако групата е основана оддамна, „Простор“ дури последниве две години стануваат поактивни и медиумски поекспонирани, а во тој период ги објавуваат и наведените песни, меѓу кои можете да го преслушате и погледнете видеото за најновиот сингл со наслов „Мој“: