Промотер

Познатато „Колешино“ во песна препеана од Стојне Николова и свој видеозапис (ВИДЕО)

Познатато „Колешино“ во песна препеана од Стојне Николова и свој видеозапис (ВИДЕО)

Стојне Николова го промовираше новиот спот за песната која е посветена на познатото Струмичко село Колешино. Во видеото покрај убавините на ова Струмичко село, вклучувајќи ги Колешинските водопади кои се главна атракција и препознатлив белег, преку мини филм е прикажан и животот на жителите на Колешино.

„Песната е навистина убава и многу ми е драго што токму јас ја отпеав.  Музиката е на Наско Џорлев, аранжманот е на Бобан Мојсовски, а текстот е на Глигор Смилков, кој што веќе не е меѓу нас, а потекнува од Колешино. Јас и Бобан само малку го досредивме текстот“ – изјави Стојне во неодамнешното интервју за ИН ТВ  и додаде:

„Два дена снимавме во Колешино, убаво село кое што се наоѓа во мојот роден крај и навистина ми е драго што конечно имаме една убава песна. Мислам дека сите естрадни уметници треба да практикуваат да ги обновуваат старите песни за нашите убави краеви во прекрасната наша Македонија“ – истакна Стојне во интервјуто за ИН ТВ.

Идејата за реализација на овој проект е на Драгана Ѓореска која што потекнува од Колешино и секако со помош на мештаните од селото.

Инаку, во песната која е снимена и продуцирана во музичкото студио „Анастасија“ е вклучен и еден од најдобрите музичари и виртуоз на хармоника Мишел Трајковски, кој што не го криеше задоволството од соработката со неговата колешка Стојне:

„Добив покана од Бобан Мојсовски и Стојне да бидам дел од оваа песна, баш ми е мило и им Благодарам за поканата“ – ќе изјави Мишел зпри снимањето на видеото.