Промотер
Ги „оживеа“ Триангл

Петар Ренџов ја преработи „Глинено око“ на Триангл (ФОТО ВИДЕО)

Петар Ренџов ја преработи „Глинено око“ на Триангл (ФОТО ВИДЕО)

Македонскиот џез и латино артист, гитаристот Петар Ренџов направи уште една феноманална преработка. Овој пат во својот себесвојствен и препознатлив стил, тој ја исфрли кавер верзијата на големиот македонски хит  на нашата култна рок група „Триангл“, песната „Глинено око“, која во почетокот на 80-ите беше ставена и на една од воопшто првите снимени сингл плочи на една македонска рок група во историјата на македонската дискографија.

Ренџов и екипата засилени со Кирил Кузманов – саксафон и Сенад Усеин на труба, го задржале основниот реге драјв мотив, надградувајќи го со џезирани тонови и аранжман, кои прават песната да не ја изгуби својата препознатливост, а сепак стилски да звучи поинаку, музички позрело, а сепак едноставно и лесно прифатливо.

Инаку „Глинено око“ е компонирана од Александар Стефановскаи – Јаблан, некогашниот гитарист и вокал на „Триангл“, а подоцна и на групата „Меморија“.

Со оваа реаранжирана вокална џез верзија на „Глинено око“ како пилот сингл, Петар Ренџов го најавува својот нов албум насловен  „Jazzilka“.

Како сето тоа звучи слушнете во продолжение: