Промотер

Петар Маркоски во една љубовна сторија за… „Уна Сињора“ (ВИДЕО)

Петар Маркоски во една љубовна сторија за…  „Уна Сињора“ (ВИДЕО)

Младиот и талентиран пејач Петар Маркоски, на пошироката  јавност и е познат уште  од времето на музичкото натпреварување „М2“, кога охриѓанецот беше еден од оние млади потенцијали да станат ѕвезда, по која организаторите беа во потрага.

Петар  има нова песна насловена „Уна Сињора“  која е направена во модерен поп стил со регетон призвук и истата одлично е визуелизирана.

Музиката ја потпишува самиот изведувач во коавторство со Иван Јованов Ивајо, кој стои и зад продукцијата, додека Петар ги напишал и стиховите за „Уна сињора“.

Видеоспотот е реализиран во преубавата Парга во Грција, а како режисер на истиот се потпишува Даниел Јовески, кој заедно со Дарко Митев биле и зад камерата како директори на фотографија.

Во видеоспотот покрај петар главната улога ја има македонскиот модел со впечатлива егзотична убавина, 22 годишната синоока убавица, Марија Давчевска.

Како звучи и изгледа љубовната сторија со „ Уна сињора“ на Петар Марковски, проследете во продолжение: