Промотер

Пепа Димитрова го претставува новото видео за “Ти си тој” (видео)

Пепа Димитрова го претставува новото видео за “Ти си тој” (видео)

Пепа Димитрова веќе полека но сигурно го завзема своето место во редот на најплодните музички имиња во Македонија. 

Ти си тој” е композиција која беше промовирана на овогодинешното издание на Охрид Фест, каде меѓудругото ја доби наградата Долни Сарај како и трета награда од публиката.

Како автори на песната се потпишани:  Хрис Марин како композитор, Владимир Дојчиновски како аранжер и Огнен Неделковски како текстописец.

Видеото се снимаше на неколку локации на преубавото мавровско езеро, во Леуново и Галичник, каде покрај Пепа која е во улога на раскажувач се појавуваат и двајца вљубени млади луѓе за кои штотуку започнува љубовната приказна и пеперутките во стомакот.

          Не застанувам со работа, тоа ме исполнува и ме прави среќна, се надевам дека догодина на пролет ќе го издадам моето првенче, а до тогаш и уште неколку видео изданија и песни. Ги сакам баладите и тешките” песни кои можеби не стануваат инстант хитови и е потребно подолго време да станат слушани, но затоа носат посебна тежина и се безвременски, сепак секогаш оставам простор и за некое музичко изненадување како преработката на евергринот “ На велигден во етно џез стил.

Видео спотот го изработи продукцијата Фабрика, a ова е воедно и петто видео издание на песна од Пепа Димитрова со кое само се потврдува желбата и стремежот за богата музичка кариера исполнета со убави песни и видеспотови.