Промотер

„Паркети“ ви подготвија инструментални – „Tarantino Spaghetti“ (ВИДЕО)

„Паркети“ ви подготвија инструментални – „Tarantino Spaghetti“ (ВИДЕО)

Познатиот битолски пост-панк рок бенд „Паркети“ го промовираа новиот инструментален „шпагети вестерн мјузик“ сингл „Tarantino Spaghetti“ кој ќе биде дел и од новиот албум кој ќе се промовира наскоро.

Песната е целосен производ на фронтменот Сашо Паркет.

„Благодарност до  Пет Бун за воведот, продавницата за оружје „Дијана“, Кумбхата од Солза и Смеа, Коста Дупчинов од Концепт продукција, Лина од Театаро, Петар Бибовски, Денис Бајрамов, Кети Талевска, Марјан Младеновски и сите членови на ‘Паркети’ досега.. и на Господ, кој сè уште ни дава ентузијазам за ова што го правиме…

Аудиото е снимено и миксано во ‘Фуш рекордс’ од Сашо Паркет мастерингот е на Оги  – Форестделик рекордс, а видеото камера и монтажа на спотот на Сашо Паркет“ – напишале во описот на песната и  видеото членовите на бендот.

Инаку, „Паркети“ се формирани во 1991 година, една деценија по првиот бран на панк музиката.  Првата постава ја сочинуваа Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Познати се по своите жестоки настапи во живо, имиџот, изгледот и необичната „аланфордовска“ смисла за хумор во текстовите на своите песни.