Промотер

„Паркети“ не потсетија дека на животот не треба да гледаме како на – „Е*иветер“ (ВИДЕО)

„Паркети“ не потсетија дека на животот не треба да гледаме како на – „Е*иветер“ (ВИДЕО)

Некогашните битолски панкери, денес поп-рок бенд со висок кредибилитет, „Паркети“ се вратија на сцената со нова песна. Таа има малку необичан наслов – „Е*иветер“, но наслов кој во потполност кореспондира со ниввниот стил на музицирање, идеологија и музика, а уште повеќе содржината на стиховите кои се одраз на денешното време и нашиот однос кон животот.

Инаку „Паркети“ се враќаат по подолга креативна пауза, како што велат, малку заради општествените околности во кои живееме, малку заради тоа што не се веќе тинејџери за толку интензивно медиумски да се експонираат. Во секој случај, „Паркети“ остануваат препознатливи по својот едноставен базичен рок ен рол звук, начинот на музицириња, имиџот, изгледот, начинот на живот…Компактна рок ен рол дружина по сите основи со здрави шавови!

„Е*иветер“ во нашиот сленг буквално значи нешто што нема вредност, што е фушарско, ефтино, безвредно, што нема вистинска тежина.

Таква е пораката на самата смисла на песната, чиј автор на музиаката и стиховите е Сашо-Паркет, која како да сака да каже дека во животот некогаш не ги гледаме вистинските  вредности од кој една е и самиот живот. Треба повеќе да ги цениме љубовта, милоста, несебичноста и секој ден од нашиот живот да ги славиме таквите вредности, зошто животот може во секој момент да биде прекинат. Таквата алузија најлесно се гледа кога човек ќе се најде на гробишта.

Токму затоа и таму е снимено едноставното, асоцијативно видео, на гробиштата каде почиваат загинатите војници од Првата светска војна, меѓу кои има и Македонци мобилизирани во војската на тогашната Кралевина Југославија или Кралството на СХС.

Затоа „Паркети“ сакаат да ви порачаат: „Не се однесувајте кон животот како Е*иветер, за се’ за миг да не замине во ветер“.