Промотер

Панче Касапски со покана – „Намини ноќва“ (ВИДЕО)

Панче Касапски со покана – „Намини ноќва“ (ВИДЕО)

Панче Касапски  има нова песна која носи наслов „Намини ноќва“ . Штипскиот музичар  овој пат ќе го  слушнеме во малку поинаков стил. Имено, станува збор за песна со брз диско ритам, со џез и фанк-призвук.

Касапски самиот  се потпишува како автор на музиката, додека за стиховите добил помош и асистенција од легендарната  македонска пејачка  со белградска адреса на живеење, Маја Оџаклиевска, за која велат дека песната била и првично наменета. Аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот  ги потпишува Иле Спасев.

Иако новата песна доаѓа по пауза од две години откако ја објави „Уште си ми ти“, Панче постојано е активен на музичката сцена потпишувајќи се на песните на некои негови колеги, меѓу кои и струмичанката Александра Јанева, зад чиј актуелен хит „Ќе се вратам некој ден“  како автор на  музика стои токму Касапски.

Песната е визуелно надополнето со одлично видео во реализација на екипата од продукцијата „Пирамид“ (Оливер Јакимовски – Михаел Шемко) во режија на Михаел Шемко, а покрај Панче, во видеото главната женска улога ја има моделот Марија Јовева, атрактивната штипјанка која се крие зад уметничкото име Марис Џолин (Maryse Jolene). 

Како изгледа и звучи „Намини ноќва“ дознајте во продолжение: