Промотер

Оперскиот пејач Давид Миладинов со обработка и моќна изведба на легендарната македонска патриотска песна – „Послушајте патриоти“ (ВИДЕО)

Оперскиот пејач Давид Миладинов со обработка и моќна изведба на легендарната македонска патриотска песна – „Послушајте патриоти“ (ВИДЕО)

Оперскиот пејач Давид Миладинов го промовираше спотот за неговата најнова преработка на легендарната македонска народна патриотска песна „Послушајте патриоти”, во која се пее за големиот јунак Александар Караѓуле Охридски,кој бил мачен и убиен од Бугарите во софискиот затвор во 1892 година.

Видеото е снимано на неколку убави локации во стариот дел на Охрид, како и во неговата околина, поточно во атарот на селото Куратица. Спотот го изработи ИН Продукција, а истиот беше премиерно претставен на сателитската ИН Телевизија.

„Сметам дека македонското национално чувство треба да се разбуди малку кај нас. Ние потекнуваме од Република Македонија и треба да ја негуваме македонската песна, имаме доста убава музика. Треба да правиме нови песни, доста гледам на социјалните мрежи препејувани песни од соседството или странски песни. Ние најпрвин треба да гледаме нашите песни да ги промовираме. Послушајте Патриоти’ доби нов израз, односно  модерен аранжман и повторно во моја оригинална изведба,  во стил на претходната претходната  песна која ја препеав „Кога падна на Пирина” – истакна Миладинов во неодамнешното интерјву за ИН ТВ.

Погледнете го видеото и слушнете ја неговата емотивно, но моќна изведба на оваа македонска патриотска песна, која никого нема да остави рамнодушен.

Останати вести од Промотер