Промотер

Новиот албум на Каролина – „Извор“ (АУДИО)

Новиот албум на Каролина – „Извор“ (АУДИО)

Во Македонската опера и балет, Каролина  почна да ги одржува највените промотивни концерти за нејзиниот нов албум „Извор“, чии песни се веќе објавени и на официјалниот канал на Јутјуб. Како и на претходното издание, така и овде автор на музиката и аранжманите е композиторот Никола Мицевски, а стиховите се потпишани од Весна Малинова – Бабамова и Весна Бејби Петрушевска (Будна).

Обвивката на албумот, пак, ја краси портретот на пејачката  насликан од нејзиниот сопруг Михаил Корубин.

Влезниците за  концертите на 24, 25 и 26 февруари беа распродадени, а сè уште се во продажба за оние закажани на 1, 2 и 3 март.

Со секоја купена влезница следува примерок од албумот „Извор“, кој можете да го преслушате во продолжение.