Промотер

Новата тема на Александар Тарабунов – Тара е – „Безвременска“(ВИДЕО)

Новата тема на Александар Тарабунов – Тара е – „Безвременска“(ВИДЕО)

Александар Тарабунов – Тара е веројатно еден од најактивните македонски пејачи на поп естрадата во 2020 година. Во време на корона пандемијата, кога естрадата е на „принуден одмор“, речиси и да не функционира и целосно е замрзната, Тара е еден од ретките кои неуморно работат и издаваат песни.

По „Сењорита“, „Нема крај“ и „Дај ми“, тој во оваа малерозна 2020-та ја исфрли и четвртата песна во етерот. И овој пат, како што е вообичаено за него, визуелизирана со видеоспот.

Новата тема на та носи наслов е „Безвременска“. Барем во насловот, а дали ќе го оправда и ќа стане еден од оние вечни евергрини, допрва времето ќе покаже.

Освен со својот силен но суптилен вокал , Тарабунов партиципира комплетно во своето ново музичко парче како автор.

Имено, негови се музиката и аранжманот, миксот и мастерингот, а учествувал и во пишување на стиховите заедно со Зоран Зонде Стојановски, познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови, кој авторски го потпишува и видеото за „Безвременска“.

Во видеото главниот женски лик го толкува атрактивната, згодна и сексапилна Сара Дамчевска, која важи за еден  од најдобрите и најатрактивните млади модели во Македонија.

Таа досега се има појавено во голем број модни едиторијали, спотови, реклами, а нејзината убавина и привлечност се совпаѓаат и целосно кореспондираат со насловот на песната – „Безвременска“.

Песната и нејзиното видео можете да го проследите  во продолжение: