Промотер

Новата навивачка химна: „Вардаре, не те оставаме“ си доби и спот (ВИДЕО)

Новата навивачка химна: „Вардаре, не те оставаме“ си доби и спот (ВИДЕО)

Навивачката химна која навивачката група „Комити“ ја промовираа во пресрет на Ф4 турнирот во Келн доби и видеоспот. Популарната „Признавам“ на Маријана и Росана во модификувана верзија е песната „Вардаре, не те оставаме“ која навивачите на Вардар ја адаптираа и ќе ја користат како дел од репертоарот на трибините на „Ланксес арена“.

Во студиото „Торус“ на Александар Митевски, „Комитите“ убаво се забавуваа од што произлезе и симпатичниот видеоспот кој можете да го погледнете во продолжение.