Промотер

„Ноќва“ е новиот проект на траперот Пајак и Урбан рекордс (видео)

„Ноќва“ е новиот проект на траперот Пајак и Урбан рекордс (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

Откако влезе под капата на Урбан Рекордс продукција, младиот и талентиран Пајак непрекинато работи на многу нови проекти и е доста продуктивен изминатите три месеци. Така веднаш во месец мај ја издаде песната „Dark Side„ – која со два милиони прегледи поминува одлично. Потоа во јуни следуваше „Крај„ а веќе денес ја промовираме “Ноќва“, сите издадени со видеозапис.

“Ноќва“ е нумера во трап стил за која музиката и текстот се на самиот Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Режисер на спотот е Гордан Божиновски во соработка со Artistic Production i Digitalbox. Се снимаше на повеќе локации, вечерно низ скопските улици и дел во Охрид.

Во продолжение новиот видео запис за “Ноќва“, која веќе се наоѓа на трендинг позиција на јутуб и се надеваме дека и таа ќе допре како и останатите и ќе остави важна порака на публиката.

Останати вести од Промотер