Промотер

НОКАУТ можат да пејат пак… „Кога ме сакаш ти“ (ВИДЕО)

НОКАУТ можат да пејат пак… „Кога ме сакаш ти“ (ВИДЕО)
Како што е познато, групата „Нокаут“ својот  славенички концерт ќе го одржи на 23 ноември во СРЦ „Кале“. Како своевидна најава за големиот концертен спектакл „Нокаут“ денеска ја претстави најновата песна, пилот синглот кој го најавува нивниот 4-ти по ред студиски албум.
Станува збор за темата насловена „Кога ме сакаш ти“, чиј автор на музиката е Дарко Димитров, а стиховите се на Огнен Неделковски, со кого бендот соработува за првпат, додека аранжманот им е заеднички на Дарко и фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски – Пере.

Најновиот во низата песни на популарната група стигна во комплет со видеото, кое го потпишува нивниот долгогодишен соработник и колега Александар Ристовски – Принц, а како сето тоа е спакувано дознајте во продолжение.