Промотер

Николче Мицевски го исцрта својот прв музички – „Круг“ од неговата „New Era“ (ВИДЕО)

Николче Мицевски го исцрта својот прв музички – „Круг“ од неговата „New Era“ (ВИДЕО)

Николче Мицевски има нова музика, која ја на прва одново ја восхити неговата публика,,но и сете познавачи на квалитетната музика.
Талентираниот композитор и музичар го објави спотот за новиот сингл „Круг“, кој е најава за неговиот  прв албум.

„Драги мои, на мое огромно задоволство, Ви го претставувам првиот сингл КРУГ како најава за мојот прв албум „New Era“.

„World Fusion“ музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство.
Животот е “Круг”… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме! Од срце Благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на Круг му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена КРУГ, Уживајте! – напиша Мицевски на Facebook.

Инаку темата „Круг“ иако  во суштина  спаѓа во таканареченото светско етно или поточно е во доменот  на „World мusic“,  во многу што потсетува на филмска музика. Парче кое е всушност своевиден микс од жанрови, извонредно вклопени и избалансирани од фјужн џез, рок и фолклорни елементи, па се до смирувачки клавирски тонови кои Мицевски извонредно ги искомпонирал, прелевајќи ги еден во друг, при тоа не нарушувајќи ја суштината и не напуштајќи ја замислата на основната тема на „Круг“.  Нешто кое во многу што наликува на амбиентално – филмските проекти со музика на еден  Trevor Jones, Vangelis или Yanni да речеме.

Темата е тонски снимена и музички продуцирана во студиото „ХЛ Момировски“, а нејзин автор и аранжер е самиот Николче Мицевски.

Зад видеоспотот за „Круг“ кој е исто така вистинска висококвалитетна мини филмска приказна, как сценарист, снимател и режисер стои  Даниел Јовески, а за костимографијата се погрижија дизајнерот Андреј Папаз и Даниел Јовески.

Во видеото покрај Мицевски улогите ги играат уште и: Девојката – Јулијана Митревска, детето – Андреј Димовски, момчето – Михаил Талев и возрасниот – Мендо Вељановски.

Слушнете како  сето тоа звучи и погледнете како изгледа животниот музички „Круг“ на Николче Мицевски: