Промотер

Никола Зацeски сигурно чекори по „Мојот пат“ (видео)

Никола Зацeски сигурно чекори по „Мојот пат“ (видео)

Многу брзо откако изминатиот месец го објави својот прв сингл насловен „Срцето мое тука чука“ посветен на Македонија, пејачот кој му го даваат епитетот дека има волшебен глас, има нова песна за публиката.

Во овие празнични денови Никола Зацески и неговиот тим ви подаруваат втор музички наслов „Мојот пат“. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Николче Мицевски, додека тексот е на Борче Нековски.

Песната е снимена во студиото ХL Момировски, додека видео продукцијата и режијата на спакуваното видео е на пеце Здравковски.

“Огромна благодарност до целиот тим кој работеше со голема посветеност на овој проект, огромна благодарност и до сите мои роднини и пријатели за поддршката. Посебно би ги издвоил сите мои фанови кои после првиот сингл ми возвратија со неверојатна позитивна енергија и љубов. Љубовта за мене е основната инспирација и мотивација и од таму произлезе и мојот втор сингл „Мојот Пат” . “Мојот Пат” е едноставен, искрен со чиста љубов и од срце. Се надевам дека во овие лоши моменти барем за малку ќе го исполни и Вашето срце со љубов и позитивна енергија” – Никола Зац.

Погледнете: