Промотер

Несудената македонска снаа Антонија Шола од денес е – „Твоја“ (ВИДЕО)

Несудената македонска снаа Антонија Шола од денес е – „Твоја“ (ВИДЕО)

Хрватската поп ѕвезда Антонија Шола (39), која  со нашата музичка легенда Тоше Проески ја испеа во дует „Волим осмех твој“ има нова песна.

Имено, несудената македонска снаа која беше во неуспешна врска со Александар Ружин – синот на македонскиот политичар Нано Ружин, денес премиерно го објави видеото за новата песна насловена „Твоја“.

Се работи за уште едно кантавторско остварување на згодната Хрватка, која самата ги напиша музиката и стиховите, додека аранжманот е на Драган Брнас.

Видеото кое го потпишува Игор Вигњевиќ е снимано во големата кристална сала на хотелот „Гранд“ во Рогашка Слатина – Словенија, а во него за стајлингот на пејачката се погрижила Весна Споса, за шминката Теа Флего, а фризурата на Шола ја правеле вештите раце на екипата на БМ студио од Загреб, додека извршни продуценти на видеото се самата Шола и нејзиниот  личен асистент  Рената Бичаниќ.

Инаку, Антонија Шола во својата кариера покрај своите се потпишува и на многу песни од албумите на Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Нина Бадриќ, Тијана Дапчевиќ…

А вие премиерно слушнете и погледнете како тоа звучи и изгледа кога Антонија Шола ќе реши целосно да ти се предаде и да биде само… „Твоја“: