Промотер

Наташа Малинкова и Александра Јанева во заедничка – „Еуфорија“ (ВИДЕО)

Наташа Малинкова и Александра Јанева во заедничка – „Еуфорија“ (ВИДЕО)

„Еуфорија“ е насловот на штотуку објавениот дует на македонските поп  пејачки Наташа Малинкова и Александра Јанева, на кои ова им е прва меѓусебна соработка… Случајни партнер(к)и со иста намера – заеднички хит!

Песната која е со модерен, брз, летен ритам во ар ен би стил, е авторско дело на долгогодишниот соработник на Малинкова, композиторот Столе Аврамов, кој  заедно со Александра Јанева ги потпишале и стиховите, а во продуцирањето му помогнал колегата Зоран Алексиќ.

Сето тоа визуелно го дополнила екипата на „Пинестел“ во состав:  Ѓорѓи Вацев, Пеце Здравковски и Борче Георгиев.

Освен со заедничката песна, Александра и Наташа се актуелни и со соло-песните „Ќе се вратам некој ден“  (Јанева) и „Ако грев е што те сакам“ (Малинкова) , како и со бројните настапи ширум Македонија.

Како звучи оваа кавадаречко-струмичка музичка комбинација огледана во деби соработката на двете русокоси, дознајте во продолжение.