Промотер

Наско посака да ги врати годините во – „Да би можел“ (ВИДЕО)

Наско посака да ги врати годините во – „Да би можел“ (ВИДЕО)

Зад името Наско се крие уште еднен наследник на познатото македонско семејство Џорлеви. Внукот на легендарниот Наско Џорлев кој го носи и неговото име, односно синот на познатиот македонски виолинист маестро Зоран Џорлев.

По членувањето во неколку македонски групи, Наско конечно ја има првата сопствена, кантавторска песна насловена „Да би можел“.

Музика и текстот ги потпишува самиот  Наско Џорлев,  додека за аранжманот и снимањето се погрижил Иван Петровски. Миксот и мастерингот ги направил Горан Гешовски, а покракј наско придружните вокали ги пее Полина Тасева.

Песната е визуелизирана со едноставно нискобуџетно, но интересно видео, во кое покрај наско се појавуват и неговите братучеди од семејството, меѓу кои препознатлив е актуелниот македонски претставник во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравковски, син на пејачката Софче – ќерката на покојниот Наско Џорлев – сениор.

Во видеото чија режија ја потпишува Томи Акимовски се користени и материјали од приватната архива на семејството Џорлеви и тоа од различни периоди на нивната возраст, кои соодветствуваат со стиховите на песната, а наместо ја надополнуваат визуелната слика на темата „Да би можел“ која можете да ја проследите во продолжение: